Во Враништа започнаа градежните активности на главниот пат

- Локални
1000

Mесното население од Враништа ги отпочна градежните активности на главниот пат кој поминува низ ова населено место.

Како што беше речено на последниот одржан состанок од страна на Иницијативниот одбор, започна доизградбата на тротоарот од едната страна. Тротоарот треба да се протега до самиот почеток на Враништа, односно до месноста викана „шумски мост“.

По одобрувањето од страна на Локалната самоуправа од Струга, на барањата на Иницијативниот одбор и постигнатата согласност, пристапено е на доизградба на тротоарскиот дел со средства и работна сила од самото население во Враништа.

Во следните фази ќе следи и поставување на канделабри за осветлување на главниот регионален пат кој поминува низ Враништа. Се очекува и скоро поставување на монтажни „лежечки полицајци“, долж целото населено место, особено во близина на училиштето во Враништа.

Facebook Коментари