На 16.09.2025 година (вторник) со почеток во 19:00 часот во НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи проекција на српскиот трилер „Изолација“.
Режисер на филмот е Марко Бачковиќ а главната улога е на Милош Биковиќ.
Во филмот, Јован (Милош Биковиќ), млад биолог, добива добро платена работа во научна станица сместена длабоко во шумата. Во почеток осаменоста му изгледа како идеално бегство од цивилизацијата, но набргу почнуваат да го вознемируваат необјасниви случки. Кога ги проверува камерите открива еден човек и Јован станува свесен дека не е сам… Како што одминува времето, ноќните повици, чудните звуци и изолацијата го втурнуваат во параноја.

Цената на билетите е 150 денари.
StrugaOnline
Facebook Коментари