Лев банер Десен банер

Во вторник во Струга ќе се одржи Бадниковата поворка 2026

Струга и оваа година ја продолжува традицијата на најавување на големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ.

На 6-ти  јануари, вторник (ден Бадник), сите граѓани кои имаат желба можат да присуствуваат на утринската Богослужба во црквата Св.Ѓеоргиј во Струга. После богослужбата ќе се одржи и Бадниковата поворка на која дечињата од Струга и струшко ќе ни ја најават  големата радост по повод  Христовото раѓање, преку пеење на познатата Божиќна песна „Вечниот Бог“.

На Бадниковата поворка учество може да земат сите деца кои имаат желба да бидат дел од овој голем настан и да ја доживеат убавата духовна енергија и Божја благодат.

„Дечиња ѕвезди најсјани, на Бадник блескајте и силно воскликнете, Вечниот Бог слезе, нека ечи градот од вашите ангелски гласови. На 3 јануари (сабота) во 12:00 последна проба ќе одржиме а на 6 јануари вторник (Бадник) ќе се одржи традиционалната Бадникова поворка. Децата со пештерата ќе тргнат низ градот во 11 часот и ќе се движи поворката по истиот истиот редослед како литијата.

Се замолуваат сите учесници во поворката да не се брза и да нема туркање, децата мора да се напред со пештерата а возрасните после децата. Отворете ги вашите срца нека станат дом за Богомладенецот, нека влезе Христос во секој дом нека донесе радост, мир и здравје низ целиот свет,“ – порачуваат организаторите.

Strugaonline

error: