Во завршна фаза е санацијата на мостот во Ложани, интензивно се реализира проектот ,,Мостови за подобро утре“

- Локални
776
Во рамките на проектот ,,Мостови за подобро утре“ финансиран преку бугарската помош за развој, во завршна фаза се активностите за санација на мостот во село Ложани.
Во склоп на овој проект претходно беше саниран и Мостот на поезијата во Струга, а беше поставено и осветлување на истата локација.
Според најавите, до крајот на месецов ќе бидат поставени нови клупи и корпи за отпадоци, а ќе бидат засадени нови дрвја од двете страни на кејот на реката ,,Црн Дрим“ во Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари