Водата во Струга не е здравствено безбедна, да не се користи за пиење

- Локални
847
Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга, евидентно е нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.
-Од извршените првични, хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 06.11.2023 г. констатирана е зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.-информираат од Центарот за јавно здравје Охрид
Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градската водоводна мрежа, НЕ Е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.
Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.
Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлежните институции, континуирано ја следи состојбата со квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрержа во Струга и навремено ќе информира за секоја промена.
Strugaonline

Facebook Коментари