Вонредна седница на Советот на Струга за безбедноста на водоснабдувањето
Општина Струга ја информира јавноста дека на 19.02.2026 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во Салата на Советот ќе се одржи четвртата вонредна седница на Советот на Општината.
Како што е наведено во објавениот дневен ред, единствена точка на расправа ќе биде безбедноста и сигурноста на граѓаните на општина Струга во однос на проблемите со редовното снабдување со исправна вода за пиење.
Од Општината посочуваат дека целта на седницата е отворена и институционална дебата за актуелната состојба, како и разгледување на можните решенија за надминување на предизвиците поврзани со водоснабдувањето.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да ја проследат работата на Советот, во насока на обезбедување транспарентност и информираност за прашањата што директно влијаат врз квалитетот на живот во градот.
StrugaOnline

