Вонсерискиот талент секогаш победува – Ирма Гогова победник на ОhridsuperStar

- Локални
1470

Ирма Гогова е прогласена за победник од страна на жири комисијата на првото издание од талент-шоуто OhridsuperStar. Станува збор за 17 годишна девојка која публиката и жирито ги воодушеви со своите моќни настапи во финалето од ова шоу, кое вчера се одржа во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Ирма ја доби главната награда од 2.000 евра, како и учество на фестивалот „Езерски бисери“, меѓународен фестивал со можност за настап на „Славјански базар“.

Гогова, освен во нашата земја, има настапувано и надвор од нашите граници. Публиката за неа има ракоплескано и во Хрватска, Белгија, Србија и други земји.

Дел од финалето беа и Емилија Петровска, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска – сите млади и талентирани музичари кои ќе си го најдам своето место на македонското музичко небо благодарение на талентот и напорната работа.Втората награда, односно наградата која ја додели публиката во салата замина во рацете на танцовата група „The Passengers“, кои се откажаа од наградата и истакнаа дека сакале само да се промовираат и да се подготват за нивниот голем настап кој следува во Барселона. Токму затоа, наградата отиде  во рацете на второпласираниот според гласовите на публиката, Билјана Буџакоска, која ќе добие песна и спот од членот на Жири комисијата Даниел Јовески.

Свој  радио-проект на Супер радио доби Стенд Ап комичарот Илија Богдановски, а Тв проект на Регионалната О2 телевија ќе има Ангела Маркоска.

Освен од организаторите, учесниците добија награди и од членовите на жири комисијата во состав:Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозовски, како и менторот Зоран Кречо.Од OhridsuperStar информираа дека на  фестивалот „Езерски бисери“ ќе настапат Ирма Гогова, Ивана Коскоска и Светлана Вељаноска, а на годинешното издание на реномираниот „Охрид фест“ директно, како претставници на Ohrid SUPERSTAR влегуваат Емилија Петровска и Андреа Јованоска. Членовите на жири комисијата Китрозоски и Каралиевски како изненадување за учесниците подарија по една песна на Ивана Коскоска, односно на Андреа Јованоска. Целата жири комисија се согласи да направи една песна и за младата Емилија Петровска, а менторот Зоран Кречо, во неговото студио „Кречо Саунд“ ќе направи две снимки со двата бенда кои се пријавија на Ohrid SUPERSTAR „Barrel Row“ и „High Voltage“. Во насока на подигнување на квалитетот на настапите, професорот по соло пеење Лазар Милошески за сите кандидати подари два месеци часови по пеење

Сето ова е доказ дека  соработката помеѓу учесниците и музички компетентните лица кои беа со нив во текот на целиот проект не завршува тука, што е од исклучително значење за нивните кариери.

Фото: OhridsuperStar

Facebook Коментари