Околу 100 стружани и туристи присуствуваа на промоцијата на најновите транспарентни кајаци и SUP даски од италјанскиот бренд ALBA MARINE, што во организација на MonVa тимот се одржа на плажата Аквариус Струга.
-Дел од присутните ги пробаа овие уникатни и иновативни производи и беа фасцинирани од искуството и глетката. Станува збор за сосема ново искуство на вода и беше навистина возбудливо- велат од МonVa тимот.
Оттаму додаваат дека граѓаните и туристите кајаците и SUP даските можат да ги пробаат секој ден во период од 11:00 до 20:00 часот на плажа Аквариус.
Strugaonline
Facebook Коментари