Возило излета од патот на влез во Лабиништа, повредени се четири лица

- Локални
1426

На 11-ти август 2024 година, околу 15:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на струшкото село Лабуништа, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице од селото, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото и три лица од кои едно од Ресен и две од Охрид, кои биле сопатници. Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари