Вработените во УЈП Струга излегоа на протест, бараат повисоки плати
Вработените во Управата за јавни приходи во Струга денеска излегоа на протест со барање за покачување на платите.

Претседателот на синдикатот на УЈП-Струга, Г-дин Блертон Положани вели дека во последниве тринаесет години платите им се покачени само 5%.
,,Последното покачување на платите ни беше во 2013 година. Последниве пет години немаме воопшто покачување. Ние како даночници имаме помала плата, а собираме пари за сите во Македонија да имаат плата.“ – изјави Положани.
Strugaonline

