Вранишката Парохија продолжува со хумани дела, дониран електричен инвалидски скутер на жена од Кочани
Вранишката парохија продолжува со своите хумани дела. Со помош на хуманите верници купен е и доставен електричен инвалидски скутер за Марина Лазарова од Кочани.

,,Во нејзино име ви ја пренесувам неизмерната благодарност бидејќи на некој начин ќе и се овозможи полесна комуникација со останатиот свет. Големо благодарам до сите хумани луѓе чиј дар останува во анонимност, нивните имиња да бидат вечно напишани на небесата.Благодарам и до отец Ромео, парох Вевчански кој ни го овозможи денешниот превоз.,,- вели отец Ристе Наумоски од Соборниот храм „Св. Никола“ во Враништа.

