Враништани преку протести бараат канализациона и водоводна мрежа

- Локални
804

,,21 век без канализација“ ,,Секое лето без вода“ ,,Дожд +јама -фекални поплави“. Ова се само дел од паролите со кои жителите на Враништа го изразија своето незадоволство поради  проблемите со кои се соочуваат. Тие бараат селото да добие  нова канализациона мрежа и обновување на постоечката водоводна мрежа. Мештаните потенцираат дека се обратиле до Општина Струга и Министерството за транспорт и врски, но не добиле никаков одговор.

Освен водоводна и канализациона мрежа, тие бараат пешачки и велосипедски патеки и зелени паркови со цел заштита на животната средина и можност за развој на социјален живот и рекреација.

Присутните на протестот кои што го блокираа патот Струга-Дебар, појаснија дека нивниот протест нема политички мотиви, односно дека не протестираат против ниту една партија туку ги застапуваат интересите на селото и граѓаните кои живеат таму.

,,Доколку институциите продолжат да немаат слух за нашиот проблем, протестите ќе станат уште помасовни“. -велат мештаните.

Нов протест е закажан за денеска во 16:00 часот.

Strugaonline

фото: Марија Милеска

 

 

Facebook Коментари