Времено затворање на улици во Струга поради трката „Сите за Кочани трчаме заедно“

- Локални
417

На 25 мај 2025 година, поради одржување на хуманитарната трка „Сите за Кочани трчаме заедно“ во организација на Europe House, ќе биде воведен времен прекин на сообраќајот во централното градско подрачје на Струга, во периодот од 08:00 до 12:00 часот.

Во наведениот термин ќе бидат затворени улиците 15-ти Корпус (целата) и ул. Партизанска.

Организаторите апелираат до сите учесници во сообраќајот за разбирање и почитување на привремените мерки, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот. Возачите се замолуваат навреме да ги прилагодат своите рути.

StrugaOnline

Facebook Коментари