Лев банер Десен банер

Времето денес: Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено, а само на места имаше појава на умерена облачност. Утрово е сончево со мала до умерена облачност во западните делови. Дува слаб ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Преку денот претежно во планинските региони во западните и крајните источни делови ќе има локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.

Извор: УХМР

StrugaOnline

error: