Времето денес облачно со повремени локални врнежи од снег

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
-7 Попова Шапка, Берово, -6 Маврови Анови, Kрушево, -5 Крива Паланка, -4 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, -3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово, Велес, -2 Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор, Гевгелија, -1 Демир Капија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 07 часот (во cm)
34 Попова Шапка, 12 Маврови Анови, 8 Битола, 4 Крушево, 3 Прилеп, Претор, Ѓуриште, 2 Тетово, 1 Штип, Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа(во л/м2)
7 Битола, 5 Маврови Анови, 3 Тетово, Крушево, Пожаране, 2 Прилеп, Охрид, 1 Демир Капија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

