Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС)
-3 Попова Шапка, 0 Берово, Mаврови Анови, Лазарополе, Kрушево, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Велес, 3 Охрид, Штип, Тетово, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Битола, Претор, 4 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, 6 Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
23 Пожаране, 22 Mаврови Анови, 14 Тетово, 12 Охрид, 8 Попова Шапка, 6 Претор, Лазарополе, 5 Крушево, 4 Гевгелија, 2 Берово, Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см )
104 Попова Шапка, 6 Mаврови Анови, 5 Лазарополе, 1 Kрушево.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа повремено ќе бидат пообилни (20л/м2). Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претпладне од јужен, а кон крајот на денот од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

