МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Попова Шапка, -4 Маврови Анови, Крушево, -1 Претор, Виница, 0 Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово, Крива Паланка, 1 Демир Капија, Скопје-Петровец, Струмица, 4 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
12 Крива Паланка, 11 Демир Капија, 10 Виница, 8 Крушево, 7 Битола, Прилеп, 5 Струмица, Берово, Штип, 1 Скопје – Петровец, Претор, Куманово, Тетово.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
54 Маврови Анови, 43 Попова Шапка, 15 Тетово, Крушево, 10 Гостивар.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Од средината на ноќта во поголемиот дел од земјата се проширија врнежи од снег проследени со засилен северен ветер. Утринава Во делови од Скопје, во Крива Паланка и Струмица врнежите се од дожд, а на повеќе други места и понатаму паѓа слаб до умерен снег. Утрово дува засилен северен ветер одсобено долж Повардарието и на поголемите височини.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд во делови од Повардарието и од снег во повеќе останати делови од земјата а особено на северозападот и на северот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари