Времето денес претежно сончево и многу топло

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, утрово е насекаде сончево со слаб ветер од променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ=9
Прогноза за 04.08.2023
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C
Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9
Прогноза за 05.08.2023
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. UV=8
Прогноза за 06.08.2023
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. UV=8
Извор: УХМР, фото: архива

