Лев банер Десен банер

Времето денес претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија, 19 Велес.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m2)

10 Тополчани, 8 Маврови Анови, 6 Гевгелија, 5 Крива Паланка, 4 Лазарополе, 3 Кавадарци, Попова Шапка, 1 Прилеп, Струмица, Тетово.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта преовладуваше малку до умерено облачно време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=6

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: