Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

0 Берово, 5 Попова Шапка, Крива Паланка, 6 Струмица, Крушево, 7 Виница, Лазарополе, 8 Штип, Маврови Анови, 9 Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово, Кавадарци, 10 Охрид, Битола, Велес, 11 Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 13 Демир Капија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Се задржа умерено до значително облачно во поголемиот дел од земјата со не многу ниски температури. Утринава е претежно тивко, а на југот има слаб претежно југоисточен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: