Времето денес променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
2 Попова Шапка, Лазарополе, 4 Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес, 13 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
28 Виница, 27 Берово, 21 Куманово, 17 Крива Паланка, 13 Маврови Анови, 12 Лазарополе, 10 Демир Капија, 9 Штип, 7 Охрид, Велес, 6 Дебар, 5 Прилеп, Ѓуриште, Претор, 4 Гевгелија, 3 Скопје – Петровец, Тетово, Кавадарци, 2 Битола, Крушево, Тополчани, Попова Шапка, 1 Скопје – Зајчев Рид, Струмица, Пожаране.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно наместа со врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во Битола дуваше засилен ветер од западен правец, кој достигнуваше брзина над 50км/ч. Утрово преовладува променливо облачно време. Во североисточните делови има зголемена облачност со локални врнежи од дожд, а во југозападните има сончеви периоди.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени.
Извор: УХМР, фото: архива

