Времето денес променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
16 Попова Шапка, Тетово, 13 Крушево, 12 Берово, 11 Куманово, 10 Штип, 6 Лазарополе, 5 Крива Паланка, 3 Виница, Кавадарци, 2 Охрид, Прилеп, Демир Капија, 1 Маврови Анови, Скопје – Петорвец, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

