Времето денес променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег

- Локални, Македонија
110

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-3 Крушево, 0 Битола, Берово, 1 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, 2 Тетово, Дебар, Претор, 3 Скопје-Петровец, Штип, 4 Куманово, Демир Капија, 6 Струмица, Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

68 Попова Шапка, 60 Маврови Анови, 25 Крушево, 7 Тетово, 4 Гостивар.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Облачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари