Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

10 Лазарополе, 11 Берово, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Дебар, 16 Крушево, 17 Скопје-Петровец, Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Велес, 19 Кавадарци, 20 Демир Капија, 21 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)

5 Дебар, 2 Лазарополе, 1 Берово.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта во најголем дел од земјава времето беше ведро, утрово е сончево, во крајните западни и источни делови со мала до умерена локална облачност. Дува слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: