Времето денес променливо облачно и топло со сончеви периоди

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
18 Битола, 7 Демир Капија, 4 Маврови Анови, 3 Гевгелија, 1 Лазарополе, Тополчани.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА:
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

