МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 0 Крива Паланка, Виница, Берово, 2 Битола, Прилеп, Штип, 3 Тетово, Куманово, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Струмица, Кавадарци, Велес, 7 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)
12 Крива Паланка, 8 Штип, Виница, 5 Велес, 2 Кавадарци, Крушево, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Берово.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и на некои повисоки места со врнежи од слаб снег. И утрово е претежно облачно, дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари