Лев банер Десен банер

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

6 Попова Шапка, 8 Лазарополе, 10 Берово, Крушево, Маврови Анови, 12 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 13 Крива Паланка, Тетово, Дебар, 15 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)

16 Крушево, 14 Битола, Попова Шапка, 12 Тополчани, 11 Прилеп, 10 Претор, 9 Пожаране, Маврови Анови, 6 Охрид, Гевгелија, Дебар, 4 Тетово, Лазарополе, Демир Капија,Велес, Кавадарци, 3 Скопје-Зајчев Рид, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Извор: УХМР. фото: архива

StrugaOnline

error: