Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 10 до 22 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

