Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
2 Лазарополе, 3 Попова Шапка, 4 Берово, 5 Маврови Анови, 6 Битола, 7 Тетово, Крушево, Претор, Прилеп, Охрид, 8 Дебар, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 11 Виница, 12 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)
Помалку од 1 во Крушево.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Променливо облачно, понекаде со слаб ветер од променлив правец. Утринава облачноста се зголемува во југозападните делови од земјата.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи претежно на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

