Времето денес променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
-6 Берово, -4 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, Струмица, -3 Тетово, Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, -2 Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија, -1 Претор, Виница, 0 Охрид, Mаврови Анови, 1 Лазарополе, 2 Попова Шапка, 3 Kрушево.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Во утринските часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

