Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
6 Попова Шапка, 4 Струмица, 3 Берово, 2 Скопје Петровец, Штип, 1 Маврови Анови, Претор.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

