Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
11 Берово, 14 Битола, 15 Крива Паланка, 16 Тетово, 17 Скопје-Петровец, Куманово, Охрид, Претор, 18 Прилеп, Демир Капија, 19 Штип, Крушево.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Ведро со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, поизразен во североисточните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. UV=7
Извор: УХМР, фото: архива

