Лев банер Десен банер

Времето денес сончево и постудено со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-1 Лазарополе, 0 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Охрид, 6 Тетово, Битола, 7 Дебар, 8 Берово, 9 К.Паланка, Прилеп, Куманово, Виница, 11 Штип, Скопје Петровец, 12 Струмица, Велес, Кавадарци, 14 Демир Капија, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта облачноста се намалуваше. Дуваше засилен северен до северозападен ветер. Во утринските часови засилува ветерот во Штип, но и во Скопје, на Тополчани и на Попова Шапка.

Зголемена облачност има во централниот и источниот дел од земјата.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: