Времето денес сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
-4 Берово, -3 Скопје-Петровец, Битола, -2 Тетово, Штип, Струмица, -1 Крива Паланка, Демир Капија, Mаврови Анови, 0 Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, 1 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, 2 Виница, Kрушево, Попова Шапка, 5 Куманово.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

