Времето во текот на денот ќе биде сончево и топло со засилен, а особено во западните делови и до силен јужен ветер. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд,проследени со грмежи. Т-мин. од 2 до 9 а т-мин. 18 до 24 степени.
Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2). На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час). Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
Извор: УХМР / StrugaOnline
Facebook Коментари