Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

- Локални, Македонија
137

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-7 Берово, -5 Струмица, -4 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Велес, -3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Кавадарци, -2 Крива Паланка, -1 Виница, Гевгелија, 0 Битола, Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Охрид, Крушево, 2 Претор.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта ведро и претежно тивко, по одделни котлини со појава на магла. Во повисоките предели дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утрово е сончево, по котлините има појава на магла со намалена видливост до 50 метри во Тетово и Демир Капија, до 200 метри во Пелагонија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари