Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

- Локални, Македонија
170

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-4 Берово, -3 Битола, -2 Струмица, Демир Капија, Тетово, -1 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, 1 Скопје-Зајчев Рид, 2 Гевгелија, Куманово, Крива Паланка, Маврови Анови, Охрид, Претор, Попова Шапка, 3 Виница, 4 Крушево.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше ведро, а во утринските часови во североисточниот дел од земјата и вдолж Повардарието има ниска облачност и појава на слаба магла.  Дуваше слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.

Извор: ЅХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари