Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

- Локални, Македонија
221

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-7 Берово, -6 Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид,  Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 Попова Шапка, 1 Крушево.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

47 Маврови Анови, 44 Попова Шапка.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Ведро и студено, на повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово во одделни котлини има појава на магла и во Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 метри.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари