Лев банер Десен банер

Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

5 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Лазарополе, 8 Крушево, 9 Охрид, Претор, 10 Крива Паланка, Берово, 11 Битола, 12 Прилеп, Виница, 13 Дебар, Тетово, Штип, Куманово, 14 Скопје-Зајчев Рид, 15 Демир Капија, Струмица, Скопје-Петровец, Велес, 16 Кавадарци, 18 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)

4 Попова Шапка, 3 Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, 2 Куманово, 1 Претор, Берово, Пожаране.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 45 km/h. Утринава зголемена облачност има во северните делови од земјата, а ветерот засилува повремено во Штип и на повисоко во Пелагонија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро променливо облачно со услови за слаб локален дожд, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 19 до 26 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

error: