Времето денес сончево со мала до умерена облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
0 Берово, 1 Лазарополе, 4 Маврови Анови, Битола, 8 Крива Паланка, Тетово, Струмица, 6 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, Дебар, Попова Шапка, 7 Крушево, Куманово, Велес, 8 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, 9 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, освен во повисоките подрачја каде дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала до умерена облачност и студено.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Максималната температура ќе достигне од 21 до 27 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

