Времето денес сончево со мала до умерена облачност

- Локални, Македонија
168

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-3 Берово, -1 Тетово, Битола, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Велес, Струмица, 1 Крива Паланка, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Маврови Анови, Попова Шапка, 3 Охрид, Претор, 4 Гевгелија, Крушево, Виница.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Утрово е променливо облачно со сончеви периоди. Во Скопската Котлина има појава на магла, а во долниот тек на Повардарието ниска облачност. Дува слаб променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари