Времето денес сончево со мала до умерена облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
10 Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Крива Паланка, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, 15 Прилеп, Струмица, Крушево, 17 Скопје-Петровец, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Виница, 19 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)
3 Попова Шапка, 2 Битола, 1 Тетово.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта беше претежно ведро. Утрово во западните делови е сончево, а во источните со умерена, наместа и значителна облачност. Дува слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне од 25 до 33 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

