Времето денес сончево со мала локална облачност

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-2 Берово, Лазарополе, 0 Крива Паланка, 1 Битола, Крушево, Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Охрид, Тетово, Претор, 4 Скопје-Петровец, Дебар, Прилеп, Виница, 6 Струмица, Велес, Кавадарци, Куманово, 7 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, 12 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево и студено. Дуваше слаб до умерен северен и северозападен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 18 до 25 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

