Врвни италијански тенори ќе го отворат 62-то „Охридско лето“

- Локални
248
Четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, ќе го отворат 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“,на 12 јули на Античкиот театар во Охрид .
– На годинешното 62-ро издание љубителите на уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 36 концерти, 9 театарски претстави и 6 настани во дополнителната програма. Од 12 јули до 20 август, на фестивалските сцени ќе пречекаме над 1000 уметници од 25 земји, најави директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ.
Директорката потенцира дека најреномираната манифестација со интернационален предзнак која е дел од Европската асоцијација на фестивали, не може да се гради и надградува ако ја нема поддршката од Претседателот на државата кој е покровител на манифестацијата, Владата на Република Северна Македонија преку ресорното Министерство за култура, Општина Охрид, генералниот спонзор Македонски телеком, како и од останатите бројни спонзори и помагатели.

Facebook Коментари