Втор ден мобилност во Струга- Гостите се запознаа со убавините на Вевчани и македонската кујна

- Локални
1185

Во вториот ден од мобилноста во Струга, тимот на наставници и ученици од ООУ ,, Јосип Броз Тито” заедно со гостите  ја посетија општина Вевчани и успешно ја претставија македонската кујна подготвувајќи македонски традиционални јадења: домашен комат со праз и сирење, како и познатото тавче-гравче.

,,Гостите од Шпанија, Полска, Турција и Италија беа фасцинирани од вкусот на македонската традиционална кујна. После ручекот, домаќините и гостите, на покана од Градоначалникот на општина Вевчани, Г-дин Спасе Кочовски,  беа примени во неговиот кабинет каде водеа разговор за функционирањето на општината, развојот на алтернативниот туризам, детската заштита и развојот на образованието.,, -информираат од ООУ ,,Јосип Броз Тито.“

Градоначалникот ги почести гостите со вевчански пасош и личници,нивната карактеристична валута. Активностите завршија со шетање и запознавање на гостите со убавините на Вевчани, вевчанските извори, старата воденица и други места карактеристични за тој крај.

Овие активности се дел од мобилност во рамките на Програмата Еразмус+ КА 229 “Здравје и дневни рутини“ чиј домаќин е ООУ ,,Јосип Броз Тито.“

Strugaonline

Facebook Коментари