Денеска во Охрид, продолжуваат активностите во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2019
Утрово во 10:00 часот беше положено свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на ОУ „Григор Прличев“. Во 10:30 часот се одржа панихида и полагање цвеќе на гробот на Григор Прличев. Во Спомен куќата на Григор Прличев во 12:00 часот ќе се одржи манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“, во рамките на која беседа за Прличев ќе има Академик Витомир Митевски. Во 12:45 часот пред Бистата на поетот пред охридската библиотека ќе се положи ловоров венец и свежо цвеќе, а обраќање ќе има секретарот на Друштвото на писатели на Република Македонија, Мишел Павлоски. Во 13:oo часот ќе се одржи портрет на писателот и поет Видое Видически, како и видео-проекција „Од животот на Прличев“.
Во рамките на прославата ќе се одржи и традиционалната манифестација „Охридска визита“.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ е востановена пред речиси шест децении, како одбележување на годишнината од смртта на големиот поет кој почина на 4-ти февруари пред 124 години. Прличев пред век и половина беше овенчан со Ловоров венец во Атина за неговата поема „Сердарот“.
„Прличевите беседи“ се одржуваат во организација на Центарот за култура и библиотеката во Охрид што го носат неговото име, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари