Втора форумска сесија за проектот „Справување со загадувањето на воздухот“
На 16.10.2024г. во Струга се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“.

Целта на втората форумска сесија беше подетално да се претстават мерките и да се изврши гласање за приорет на мерките. Граѓаните од Струга се определија да се финансираат 1. Сет на мерки за набавка на механизација за ЈП „Комунално“ Струга (цистерни за миење на улиците и метларка), да се зазеленат централните градски улици и образовните институции со 350 возрасни дрвја и да се постават полначи за електрични автомобили.
Фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари. Општината кофинансира половина од средствата. Реализацијата на мерките ќе биде по наведениот распоред до исцрпување на средствата.
StrugaOnline

