Второ издание на Охридскиот џез фестивал во петок и сабота

- Локални
286

Во организација на Општина Охрид, во петок и сабота ќе се одржи второто издание на Охридскиот џез-фестивал .

Според најавената програма, во петок, 23-ти август, ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а во сабота, 24-ти август, предвиден е настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.

Најавените концерти ќе се одржат  во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари