За дивата струшка депонија ќе се расправа пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

- Локални
95

За разлика од домашните судови кои се прогласија за ненадлежни, Европскиот суд за човекови права во Стразбур нѐ извести дека ја допушти апликацијата поднесена во врска со дивата струшка депонија, информираат од адвокатската канцеларија Стојкоски и Ќатоски.

– Ова значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга, депонијата која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на само два километри од Охридското Езеро, светско природно наследство. Во постапката бараме утврдување на: повреда на правото на пристап до суд (Член 6 од Европската конвенција), повреда на правото на приватен и семеен живот, повреда на правото на ефективен правен лек (Член 13, во врска со Член 6), информираат од адвокатската канцеларија Стојкоски и Ќатоски.

Додаваат дека депонијата загадува со над 40.000 тони отпад годишно, без никаква контрола врз видот на отпадот.

StrugaOnline

Facebook Коментари