За љубителите на музиката, два концерти вечерва на „Охридско лето“

- Локални
852

Денешната програма на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“  ќе започне во 17:00 часот. Во совршената акустика на катедралната црква Света Софија ќе се одржи завршен концерт од меѓународниот семинар по пијано и виолина, виола и камерна музика:

Емилио Перцан, виолина, Македонија

Гулијева Тамила, пијано, Азербејџан”

 На истата локација  со почеток од 20:30 часот закажан е концертот на  Александер Рамм-виолончело и Ана Одинцова- пијано.

Овогодинешното издание на „Охридско лето“ трае до 20-ти август, што значи дека преостануваат уште шест фестивалски вечери за сите љубители на уметноста.

 

Facebook Коментари